Баерн поразен дома од Дубаи, Димитријевиќ запиша седум поени!

38
ФОТО: FC Bayern Basketball/X

Баерн – Дубаи 74:87 е исходот од вечерашниот меч од 32.коло во Евролигата. Македонскиот кошаркар, Ненад Димитријевиќ кај поразениот тим мина во игра 18 минути и притоа постигна седум поени, имаше и четири скока и една асистенција. Ова беше 19-ти пораз на “баварците“ сезонава и со тоа сега се се подалеку од местата кои водат во плеј – ин. Додека Дубаи го забележа 17-тиот триумф и има убави шанси да се најде во плеј – инот.

На останатите мечеви Валенсија дома беше поразена од Барселона во шпанското дерби со 62:66. Овој натпревар во живо во салата го следеше и нашиот голман Столе Димитриевски.

Ефес дома беше поразен од Монако со 93:98, Хапоел беше подобар од Виртус со 109:91, Олимпијакос ја победи Басконија со 90:80. Партизан како гостин славеше кај Париз со 81:90.

ПретходноСудии за 24.коло во ПМФЛ: Стојчевски главен во Ѓорче, а Стојанов во Гостивар
СледноЉафтов со сребро во МЕВЗА, Ѓоргиев, Николов и Јосифов обезбедија плејоф!