Бејтулаи: Повикот за репрезентација секогаш годи

137

Огнен Чак Дојчиновски

Македонската фудбалска репрезентација пред себе го има еден од ајголемите предизвици во поновата своја историја.

На 26 март во Копенхаген стадионот Паркен го играме бараж дуелот за Мундијалот следното лето против домаќинот Данска. Веќе имаме такво искуство со дуелот против Италија во Палермо, и тој секако ќе ни остане во добро сеќавање.

Сепак, ова е сосема нова ситуација, со нов селектор, и поинаква генерација. Гоце Седлоски се одлучи за овој претстоен дуел да го повика и Егзон Бејтулаи, дефанзивецот коj што последен пат беше повикан за Македонија во 2023 година.

„Секако дека повикот за репрезентацијата годи. Тоа е доказ за мојата добра форма во моментов, благодарност за тоа. Што очекувам од дуелот против Данска? Борба. Играме против квалитетен противник, за кој што секако имаме респект. Но Македонија има свој квалитет, има свои амбиции во овој дуел. Со даден максимум, стопроцентно извршување на задачите, убеден сум дека ќе дојдеме до добар резултат и успех“ – вели репрезентативецот на Македонија за Спортспорт, Егзом Бејтулаи.

 

 

 

ПретходноХристиан Христов во стручниот штаб на Чукарички
СледноОхрид и Олимпијакос се договорија – нема да продаваат билети на гостински навивачи