Македонската скијачка гордост, Јана Атанасовска, оствари извонреден успех на ФИС натпреварите во Австрија и Италија, поставувајќи најдобри ФИС поени во историјата на македонското скијање – и во женска и во машка конкуренција!
Резултати од тркитe:
Мар 19, 2026 – Хинтеррајт (Австрија) – слалом – 1-во место, 23.40 ФИС поени
Мар 19, 2026 – Хинтеррајт (Австрија) – слалом – 1-во место, 26.45 ФИС поени
Мар 17, 2026 – Пампеаго (Италија) – слалом – 1-во место, 23.00 ФИС поени
Мар 16, 2026 – Пампеаго (Италија) – слалом – 3-то место, 30.66 ФИС поени
Ова секако дека е уште една потврда дека Македонија во Јана има свој спортски бисер. Младата скијачка едноставно е пред голема и блескава карира.










