Од утре па до понеделник се играат мечевите од 24.коло или второ коло од третиот круг во тековната сезона. Вардар и Шкендија бијат битка за титулата, скопските “црвено – црни“ во пресрет на ова коло имаат +3 бода во однос на тетовци.
Инаку познати се и судиите. На мечот во Ѓорче, каде Македонија ЃП ќе ја пречека Шкендија, главен судија ќе биде Игор Стојчевски. Вардар му гостува на Арсими во Гостивар, а таму главен судија ќе биде Стојанче Стојанов. Овие два меча се играат во сабота.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 24.КОЛО ВО ПМФЛ
ПЕТОК
Тиквеш – Брера (Димитар Пилешков) 14:30 Ч
Работнички – Силекс (Марјан Стојановски) 14:30 Ч
САБОТА
Македонија ЃП – Шкендија (Игор Стојчевски) 14:30 Ч
Арсими – Вардар (Стојанче Стојанов) 14:30 Ч
НЕДЕЛА
Пелистер – Струга ТЛ (Влатко Илиоски) 14:30 Ч
Шкупи – Башкими (Александар Василевски) 14:30 Ч















