Христиан Христов во стручниот штаб на Чукарички

130

Младиот и перспективен македонски фудбалски стручњак, Христиан Христов е нов помошник и дел од стручниот штаб на српскиот суперлигаш Чукарички.

Христов веќе неколку дена како работи во клубот и е дел од системот на главниот тренер Марко Јакшиќ.

Некогашниот македонски младински репрезентативец, а сега успешен тренер, подолг период работи во Бугарија пред се каде што беше дел од стурчниот штаб меѓудругото и на ЦСКА Софија.

Во моментов покрај ангажманот во Чукарички, Христов е дел и од У21 репрезентацијата на Бугарија.

 

ПретходноЛевандовски постави нов рекорд во Лигата ма шампиони
СледноБејтулаи: Повикот за репрезентација секогаш годи