Добар, одличен меч за нашиот репрезентативен капитен, Енис Барди вечерва за својот Коњаспор против составот на Генчлебирлиги. Се играше 85.минута од овој меч во рамките на 27.коло во турската Суперлига, кога Барди од корнер прекрасно нафрли во петерецот на гостите а тука Мулека убаво со глава ја спроведе топката во мрежата за 1:0 и за победа на тимот на македонскиот репрезентативец.
Барди беше стартер, а во судиското продолжение беше повлечен од игра, и немаше потреба веќе да биде на теренот.
А дека беше важна асистенцијата, секако и голот, убаво се гледа од радоста на Барди.
Muleka
GooolKonyaspor 1 Gençlerbirliği 0 pic.twitter.com/zsbsOumIgJ
— fatih_konyaspor3 (@fatihkonyaspor3) March 19, 2026










