Вечерва од 18:45 часот се одиграа седум реванш мечеви од 1/8 финалето во Лигата на Европа и Лигата на Конференции.
Интересно беше во Лион, каде гостинската екипа на Селта успеа да победи со 0:2, со головите на Руеда и Јутгла, со вкупни 1:3, и со тоа да се пласира во следната фаза.
Таму е и Генк кој со 5:1 го декласира Генк. Нотингам по поразот дома од Митјиланд, вечерва како гостин победи со 1:2, па по подобро изведување на пеналите се пласираше во 1/4 финалето.
Во ЛК пирова победа на Цеље како гостин кај АЕК со 0:2, ако се знае дека на првиот меч грчкиот тим победи со 0:4. Во следната фаза се и Мајнц и Фиорентина која вечерва на гости славеше кај Раков со 1:2.
Кристал Палас играше продолженија кај АЕК Ларнака и успеа да победи со 1:2 за пласман понатаму.
ЛЕ – РЕЗУЛТАТИ
Фрајбург – Генк 5:1
Лион – Селта 0:2
Митјиланд – Н.Форест 1:2 (0:3)
ЛК – РЕЗУЛТАТИ
АЕК – Цеље 0:2
АЕК Ларнака – Кристал Палас 1:2 (продолженија)
Мајнц – Сигма 2:0
Раков – Фиорентина 1:2
*Екипите кои се болдирани одат натаму










