Србија на Раул ја декласира Литванија!

271

Така е тоа кога имаш екстра селектор и тоа еден Раул Гонзалез, некогашниот стратег на Вардар со кој стана европски шампион во 2017 година и екс – селектор на Македонија.

Имено селекцијата на Србија вечерва во Ниш, во првиот меч од претквалификациите за пласман на СП 2027, успеа да ја победи Литванија со убедливи 42:25 (21:12). Иако има реванш, сега веќе се знае дека четата на Раул ќе се пласира понатаму и во главниот бараж за Мундијалот следната година ќе игра против Унгарија.

Избраниците на „Ел Команданте“ вечерва во целост го искажаа сиот свој квалитет, од стартот на мечот покажаа кој е кој и успеаја на крајот да слават со 17 голови разлика.

Печмалбец запиша 10 голови, Воркапиќ 5, а Кос, Кукиќ и Црноглавац запишаа по 4, додека Борзаш стрелаше трипати во мрежата на Литванците. Додека Милосављев, некогашниот голман на Вардар од шампионската генерација од 2019 во ЛШ, имаше неверојатни 21 одбрани.

ПретходноНајавите се потврдија: Дешамп го повика и Мбапе за контролите со Колумбија и Бразил!(ФОТО)
СледноСпектакл до спектакл: Познати се термините и сатниците на мечевите од 1/4 финалето во ЛШ!(ФОТО)