Младиот и перспективен македонски фудбалски стручњак, Христиан Христов е нов помошник и дел од стручниот штаб на српскиот суперлигаш Чукарички.
Христов веќе неколку дена како работи во клубот и е дел од системот на главниот тренер Марко Јакшиќ.
Некогашниот македонски младински репрезентативец, а сега успешен тренер, подолг период работи во Бугарија пред се каде што беше дел од стурчниот штаб меѓудругото и на ЦСКА Софија.
Во моментов покрај ангажманот во Чукарички, Христов е дел и од У21 репрезентацијата на Бугарија.










