Капинковски: Одиме во Холандија подготвени и мотивирани

95

Македонската фудбалска репрезентација до 19. години следната недела заминува на квалификацискиот турнир во Холандија. Каде што од  23 до 31 март ќе одигра три дуела против Фарски Острови на 25 март, на 28 против домаќинот Холандија, и на 31 март против репрезентацијата на Молдавија.

Селекторот Димитар Капинковски за овој турнир се одлучи за стандардниот состав кој што го бираше во изминатиот период кога одработи неколку пријателски мечеви и селективни кампови.

„Генерално се подготвуваме преку турнирите и подготвителните кампови кои што ги имаме со оваа генерација. За жал на овој турнир ќе настапиме без Ненад Домјановски кој има скинати лигаменти. Иста е и ситуацијата со Александар Грашески и Стоилов кој што се опоравуваат од истата повреда.

Сепак,  тие што се подготвени за настап е најдоброто што Македонија во моментов го има во оваа генерација. Сакаме и ќе направиме се за да се покажеме добро во Холандија и да прикажеме добри игри. Овие млади играчи ќе добијат на доста искуство во конкуренција на квалитетни репрезентации, искуство кое што ќе послужи и многу за во иднина“ – изјави Капинковски.

Македонија до 19 години: Александар Трајков (Брера), Бојан Велков (Брера), Габриел Талески (Брера), Иван Танчев (Брера), Андреј Димовски (Брера), Давид Ангелевски (Пелистер), Јован Мрмачоски (Пелистер), Стефан Секирски (Новаци), Кристијан Маркоски (Келн, Германија), Албан Рочи (Струга), Мухамед Мустафи (Сент Гален, Швајцарија), Стефан Бранковски (Марибор, Словенија), Антони Трајковски (Вардар), Иво Марковски (Вардар), Дамјан Буцевски (Македонија Ѓ.П.), Дарко Јовчев (Македонија Ѓ.П.), Дитмир Хоџа (Работнички), Лорент Жаку (Работнички), Фљори Иљази (Шкендија), Матео Ќесик (Јединство УБ), Славчо Мисајловски (Тетекс);

 

 

ПретходноПознат списокот на репрезентативци кои патуваат на елитниот У17 турнир во Словенија
СледноСтаниќ: Направивме смена на генерација со играчи кои сметам дека и сега можат да одговорат на предизвикот