Познати термините за одигрување на полуфиналните мечеви од Купот на Македонија

155

Комисијата за натпревари при ФФМ ги утврди термините за одигрување на полуфиналните натпревари во Купот на Македонија.

За место во големото финале ќе се одиграат две средби на домашен и гостински терен, а како и во четвртфиналето и на овие натпревари ќе се користи ВАР технологијата.

Првите натпревари во кои се среќаваат Охрид Лихнидос – Силекс и Шкендија Тетово – Шкендија Арачиново ќе се одиграат на 22 април додека реванш дуелите на програмата се на шести мај.

Финалето на Купот на Македонија е на 20 мај.

ПретходноАко Македонија обезбеди мундијалска виза познато е во кој град нема да игра!
СледноПознат списокот на репрезентативци кои патуваат на елитниот У17 турнир во Словенија