Познат списокот на репрезентативци кои патуваат на елитниот У17 турнир во Словенија

306

Македонската фудбалска репрезентација до 17. години на чело со селекторот Влатко Колев следна недела патува во Словенија каде од 25. до 31. март го игра квалификавискиот турнир од елитната фаза. Нашито национален тим се наоѓа во група со домаќинот и силните репрезентации на Франција и Германија.

За овој турнир селекторот Колев се одлучи за стандардниот состав кој што го понесе товарот и на почетниот турнир одигран во Струмица, а во него се наоѓаат следните играчи.

ГОЛМАНИ: СУЉОВИЌ Амин (Скопје), ДЕНКОВСКИ Даријан (Слога Виница), ЦЕКА Ринор (Шкендија);

ОДБРАНА: МИХАЈЛОВСКИ Грегоријан (Сервет, Швајцарија), ИВАНОВ Марко (Копер, Словенија), ЦВЕТКОВСКИ Филип (Вардар), РИБАРСКИ Павел (Вардар), МИРОНСКИ Павел (Македонија Ѓ.П.), ЧЕДОМИРСКИ Алек (Македонија Ѓ.П.);

СРЕДЕН РЕДГЕОРГИЕВ Лука Јасмин (Вардар), МИРЧЕВСКИ Марко (Охрид Лихнидос), ЦВЕТКОВСКИ Андреј (Вардар), ЏАНГАРОВСКИ Мартин (Македонија Ѓ.П.), ПЕТРОВСКИ Александар Јулиан (Црвена Звезда, Србија), ЉАЧКА Бленди (Фенербахче, Турција), ИЉАЗОВСКИ Арда (Б93, Данска);

НАПАД: СТОЈКОВСКИ Јаков (Падерборн, Германија), ПАПАЛИСКИ Васко (Скопје), АЛОМЕРОВИЌ Мелдин (Слован Љубљана, Словенија), ИСЛАМОВИЌ Фадиљ (Кустошија, Хрватска), ТРПЕСКИ Лука (Црвена Звезда, Србија);

Македонија до 17 години првиот натпревар против германија ќе го одигра на 25. март, три дена подоцна се соочуваме со Франција, а натпреварот против домашната Словенија го играме на 31. март.

 

 

ПретходноПознати термините за одигрување на полуфиналните мечеви од Купот на Македонија
СледноКапинковски: Одиме во Холандија подготвени и мотивирани