Силекс против Работнички бара излез од резултатска и голгетерска криза

66

Три меча без победа и без примен гол е серијата на Силекс во натпреварите од Првата македонска фудбалска лига. Без голови со Пелистер во Битола, пораз од Вардар на свој терен, и потоа повторно во Кратово без голови со битолскиот прволигаш, па кратовскиот тим ќе бара победа и голови во натпреварот против Работнички во Скопје.

Од таборот на Силекс се свесни дека ги чека тежок натпревар, дека на Работнички му требаат бодови за опстанок, но иако се „цврсто“ на четвртата позиција, сепак, веруваат дека ќе ги освојат трите бода, и дека овој меч ќе биде почеток на една победничка серија.

ПретходноАфрикански тим бара промена на резултатот од финалето одиграно пред 50 години
СледноТиквеш нема намера да застане: Домашните бодови секогаш се приоритет