Македонската фудбалска репрезентација до 21. година во рамките на овој УЕФА репрезенаттивен прозорец ги продолжува активностите од тековните квалификации. Овојпат имаме две гостувања на програмата, а тоа се она против Италија на 23 март, и пет дена подоцна против Ерменија.
Селекторот Горан Станиќ како што беше и претходно најавено направи мини реконструкција на составот. Повикани се неколку репреземнтативци кои што се генерација помлади, и кои што имаат право за У21 квалификациите од следниот циклус. Тоа се пред се играчите од типот на Сејдо Дираков, Мухамед Куртиши, Давид Стојановски…
„Не очекуваат две тешки гостувања, но ништо ново кога станува збор за овој квалификациски циклус. Направивме неколку измени, го подмладивме составот со фудбалери кои ќе имаат право на настап во следниот квалификациски циклус и фудбалери кои мислам дека имаат квалитет и во овој момент можат да се носат со предизвиците што ги носат овие два натпревари. Што се однесува до очекувањата, прво ке треба да одиграме максимално квалитетно, одговорно и борбено, да ги намалиме индивидуалните грешки кои многу скапо не чинеа до сега и дека ќе дадеме се од себе да извлечеме позитивен резултат од двата натпревари.
Како и до сега ќе барам од фудбалерите без разлика против кого играме да не го преценуваме ниту потценуваме противникот, да ја играме нашата игра и да бидеме храбри“ – изјави селекторот Горан Станиќ.
Македонија У21:
ГОЛМАНИ: Васко Василев (Струга Трим Лум), Љупче Џеков (Силекс), Никола Филевски (Брегалница).
ОДБРАНА: Марко Стоилевски (АП Брера), Андрија Димески (Вождовац; Србија), Андреј Аризанковски (АП Брера), Анес Мелиќи (Шкендија Тетово), Ѓорѓе Џеков (Силекс), Нуман Ајетовиќ (Шкендија Тетово), Меметриза Хамза (Струга Трим Лум), Давид Стојановски (Браво, Словенија).
СРЕДЕН РЕД: Матеј Ангелов (Работнички), Сејдо Дураков (Рот Вајс Ерфурт, ГерманијаО, Илија Масларов (Лугано, Швајцарија),Матео Софијаноски (Македонија ЃП), Мартин Ѓоргиевски (Збројовка Брно, Чешка), Мухамед Куртиши (Базел, Швајцарија).
НАПАД: Димитар Данев (Вардар), Матеј Гаштаров (Борац Чачак, Србија), Кире Стојанов (АП Брера), Адмир Љатифи (Осијек, Хрватска), Никола Манојлов (Работнички), Димитар Трајков (Дуго Поље, Хрватска)










