Јован Стојоски денеска ја имаше својата трка на 400 метри на СП во сала, кое се одржува во Торун, Полска. Тој е единствениот атлетичар од Македонија кој настапува на ова СП во сала.
Инаку Стојоски во својата квалификациска трка на 400 метри го истрча своето најдобро време сезонава, 47:93 секунди, но тоа беше доволно само за 24 место во севкупниот пласман.
Секако дека е добро ова за него со оглед на тоа дека македонскиот атлетичар успеа да го истрча своето најдобро време во моментов.










