Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека, по истекот на договорот со досегашниот снабдувач ЈАКО, на крајот на 2025 година, македонската репрезентација ќе настапува со АДИДАС опрема на претстојните плеј-оф натпревари за Светското првенство 2026.
Станува збор за опрема која е наменета исклучиво за користење на овие натпревари. Во мај, официјално ќе биде промовирана комплет опремата на македонската репрезентација од КАС програмата.











