Кошаркарски камп во Охрид: Прв специјализиран камп за кошаркарки во Македонија!

84

Ова лето, од 14-19 Јуни, Охрид ќе биде домаќин на специјализиран кошаркарски камп – “PERFORM ELITE“, кој е наменет за млади и перспективни кошаркарки кои сакаат да го унапредат своето знаење и вештини на повисоко ниво.

Станува збор за прв ваков камп во Македонија наменет исклучиво за кошаркарки, организиран од страна на Јелена Антиќ — поранешен Евролигашки и Еврокуп играч со богата интернационална кариера, како и репрезентативка на Македонија (од младински до сениорски категории). Таа моментално е тренер на германскиот шампион Rutronik Stars Keltern, а во својата кариера била дел и од стручниот штаб на српската репрезентација.

Кампот е фокусиран на индивидуален пристап и работа во мали групи, што овозможува максимално внимание кон секоја учесничка. Програмата е дизајнирана да ги развива техничките и тактичките аспекти на играта, како и физичката подготвеност, со акцент на современи методи на тренинг.

Тренинзите ќе ги води стручен тренерски тим, а играчите ќе имаат можност да учат во професионална средина, да напредуваат индивидуално и да стекнат вредно искуство кое ќе им помогне во понатамошниот развој.

Кампот е наменет за кошаркарки кои веќе активно тренираат и сакаат дополнително да се развиваат и да го отклучат својот потенцијал.

Покрај тренинзите, девојќите ќе имаат можност да уживаат во уникатната атмосфера на Охрид, комбинирајќи спорт, дружење и нови искуства.

Бројот на места е ограничен.

Whatsapp: +381655599184

Instagram: performelitecamp

Email: [email protected]

ПретходноТиквеш нема намера да застане: Домашните бодови секогаш се приоритет
СледноПремиерлигата ги “замрзна“ цените на билетите за гостувањата на уште две сезони!