ПМФЛ: Работнички го „реши“ и Силекс, сега опстанокот е ВОЗМОЖНА мисија!(ФОТО)

199

Работнички – Силекс 2:0 е исходот од попладневниот меч на Арената во Скопје во рамките на 24.коло во ПМФЛ. Работнички и дефинитивно е во победнички ритам, Работнички и дефинитовно сака опстанок. Сега тоа е возможна мисија.

Ова е петта победа оваа пролет, и сега тимот на Муарем Муарем со 22 бода и тоа како се прашува во битката за избегнување на најлошото.

Головите паднаа во првото полувреме, и двата беа дело на Јован Попзлатанов. Работнички едноставно му покажа на Силекс како се игра фудбал.

Уште на стартот Работнички покажа дека го интересира само победа и три бода. Сепак гостите од Кратово први се заканија и тоа преку Делимеѓац кој шутираше, но Ондоа без проблеми го скроти тој удар. Во 12.минута веќе беше 1:0 за Работнички. Јован Попзлатанов убаво се снајде пред голот на гостите и од 7-8 метри непречено ја смести топката во мрежата за радост на домашните. Голманот Џеков беше немоќен, но затоа во 23. тој спаси чист гол.

Се играше 25.минута кога Велиновски стрелаше за Силекс, но по реакцијата од ВАР собата, истиот беше поништен и тоа оправдано поради офсајд.

Работнички својата надмоќ ја валоризираше во 34.минута со вториот гол на Попзлатанов кој со силен удар ја затресе мрежата на гостите, притоа Мухарем ја допре таа топка, но голот му се запиша на Попзлатанов со оглед на тоа дека Мухарем ја допрел веќе кога таа била влезена во голот на кратовци.

Во продолжение од средбата Силекс се отвори, гостите од Кратово инсистираа на брз гол во второто полувреме, но сепак сето тоа беше некако јалово. Домашните умешно ги бранеа тие 2:0, а од контри исто така беа опасни.

Уште една лоша партија за кратовци во серија, уште една одлична игра и победа за Работнички кој сега е веќе со изгледни шанси за опстанок.

No description available.

 

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноФФМ објави: Македонската репрезентација ќе настапува со АДИДАС опрема на плеј-оф натпреварите за СП
СледноТиквеш со лекција за Брера (ВИДЕО)