Тиквеш со лекција за Брера (ВИДЕО)

132

Екипата на Тиквеш пролетва е сосема нов тим во споредба со она што во Кавадарци гледачите следена во есенскиот дел.

Избраниците на Борче Христов во последните сега вече четири кола имаат четири победи и се веќе во сосема друга ситуација отколку пред два месеци.

Денеска пред своите гледачи, кавадарчани и одржаа фудбалска лекција на Брера и во рамките до новото 24. коло од ПМФЛ шампионатот обезбедија победа од високи и убедливи 5:1.

Меч во кој Тиквеш доминираше ама апсолутно од првиот момент, што се гледа и по резултатот.

По само 10 минути игра, Мартин Стојанов го постигна еден од најубавите голови сезоната во домашниот шампионат. Со „ножички“ упати неодбранлив удар за домашно водство.

 

 

Брера за момент се врати во игра откако на асистенција на Антовски, Макиќ од непосредна близина израмни на 1:1 во 27. минута.

Сепак, домашните во ново водство дојдоа со автоголот на Марко Стојилевски кој на вториот дирек во обид да расичисти неспретно реагираше. Тоа се случи во 32. минута за да само две минути подоцна Мартин Стојанов со мини соло пробив изби сам пред Диковски кој немаше шанса освен да капитулира по трет пат.

Во 41. минута на асистенција на Најдовски, на петерецот одлично реагира Данаил Тасев кој што денеска патем го одигра стотиот меч за Тиквеш, и веќе резултатот е 4:1.

По паузата никаква промена на теренот во Кавадарци. Тиквеш доминира. Стојанов асистира од десно за Гуел кој што реализира за 5:1.

Во 84. минута од мечот, Благој Стојчев ги постави конечните 6:1 на овој меч.

Со ова Тиквеш стигна до 36. поени на табелата и петта позиција, додека пак Брера остана на досегашните 28. и засега седмо место.

 

ПретходноПМФЛ: Работнички го „реши“ и Силекс, сега опстанокот е ВОЗМОЖНА мисија!(ФОТО)
СледноГатузо одбра за плеј оф дуелот на Италија против Северна Ирска