ТФТ по едно продолжение ги освои бодовите во Куманово

45

Кошаркарите на ТФТ по продолжение славеа на гостувањето кај Куманово во мечот од 19. коло во домашниот кошаркарски шампионат. ТФТ победи со 76:83 и ја задржува втората позиција на табелата зад шампионот МЗТ Скопје А.

Гостите од Скопје тргнаа со подобра игра на денешното гостување и имаа минимална предност по првите 10 минути од 18:22. МКК Куманово во вториот период се врати и успеа да надомести дел од разликата, по што ТФТ со само поен предност отиде на полувреме (37:38).

Во второто полувреме, кумановци имаа подобар влез и во третата четвртина и  направија комплетен пресврт. Стигнаа до прва предност со тројка уште на стартот по што успеаја да ја одржат разликата пред финалните 10 минути (54:50). Во завршните 10 минути од регуларниот дел, ТФТ најде сили да се врати во самиот финиш, иако Куманово одржуваше континуирана минимална предност. со поените на Гордон на 15-тина секунди до крајот израмнија на 69:69 и мечот отиде на продолженија.

Овде ТФТ продолжи во добар ритам и во првите три минути направи разлика од 7 поени (71:78). Домашните се доближија до 76:78, но следуваше тројката на Иванов за плус 5 за гостите на една минута до крајот. Таа тројка се покажа и како клучен момент за победата на ТФТ.

Дејвис постигна 29 поени со 6 скока и 3 асистенции и беше убедливо најдобриот поединец кај ТФТ. Кај Куманово Радукиќ заврши со 25 поени и 11 скока.

ПретходноПресврт: Јунајтед потпишува нови договори со играчи кои кај Аморим беа отпишани!
СледноЕлмас на клупа, Наполи со ран гол славеше на Сардинија (ВИДЕО)