Ако Македонија обезбеди мундијалска виза познато е во кој град нема да игра!

143

Извршната комисија на ИХФ ги распредели градовите домаќини за Светското првенство 2027 година кое ќе се одржи во Германија.

Претходно беше познато дека Германија ќе игра во групата А во Минхен, додека Данска во групата Г во Кил.

Хрватска ќе игра во Минхен – група Ц, Швајцарија во Штутгарт – Група Б, додека Исланд ќе игра групата „Х“ во градот Магдебург. Репрезентацијата на Франција ќе игра во градот Штутгарт – група Д, а Шведска исто како и Данска ќе игра во Кил – група Е.
Доколку Франција и Швајцарија не успеат да се квалификуваат, нивните места ќе ги заземат репрезентациите на Италија и на Чешка.

Сето ова значи дека ако Македонија избори пласман на Мундијалот нема да игра во Штутгарт. Нашите ракометари ждрепката би ја чекале од вториот шешир, а таму се Швајцарија и Франција, кои ќе ги избегне за протиник.

Комплетната ждрепка ќе биде извршена на 10 јуни.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ГЕРМАНИЈА 2027
ГРУПА „А“: Минхен – ГЕРМАНИЈА
ГРУПА „Б“ : Штутгарт – ШВАЈЦАРИЈА
ГРУПА „Ц“: Минхен – ХРВАТСКА
ГРУПА „Д“: Штутгарт – ФРАНЦИЈА
ГРУПА „Е“: Кил – ШВЕДСКА
ГРУПА „Ф“: Магдебург – ПОРТУГАЛИЈА
ГРУПА „Г“: Кил – ДАНСКА
ГРУПА „Х“: Магдебург – ИСЛАНД

ПретходноАнгела Мојсовска – 21 година на големата карате сцена: Федерациите мораат да сфатат дека женскиот спорт заслужува рамноправен третман!
СледноПознати термините за одигрување на полуфиналните мечеви од Купот на Македонија