Лоши вести од Србија за стратегот на РК Вардар, Иван Чупиќ а и за сите во клубот. Имено десното крило, Вукашин Воркапиќ се повредил на вчерашниот меч на кој неговата Србија ја декласира Литванија во претквалификациите за СП 2027.
Познато е дека ракометниот репрезентативец на Србија е еден од најважните играчи на Вардар во последно време и затоа ако не може да игра тогаш за “црвено – црните“ тоа ќе биде голем хендикеп на претстојните мечеви, посебно за оние во ракометна Европа.
Како што велат информациите од Србија, станува збор за повреда на тетивата.
“Имам воспаление на тетивата, сепак ништо сериозно“ беа првите зборови на крилото на РК Вардар по повредата.










