Официјално: Шишковски во Борац Бања Лука до 2027!(ФОТО)

53
ФОТО:facebook.com/fkboracofficial

И официјално, македонскиот репрезентативен голман, Дамјан Шишковски го продолжи договорот, односно потпиша нов, со Борац Бања Лука на уште една година. Ова значи дека Македонецот ќе биде на голот на еден од најголемите клубови во БиХ до 2027 година.

Ова денеска беше потврдено и од самиот клуб, но и од Шишковски со изјава во која тој истакна дека е задоволен што останува во Бања Лука.

Колку за потсетување, во тимот од Бања Лука сега Македонија има двајца репрезентативци. Едниот е Дамјан Шишковски а вториот е Себастијан Херера, колумбиецот со македонски пасош кој доби повик од новиот селектор Гоце Седлоски за бараж мечевите за пласман на СП 2026.

ПретходноПортугалија без Роналдо на мечевите со Мексико и САД!(ФОТО)
СледноЛоши вести за РК Вардар: Воркапиќ се повреди играјќи за Србија!