Комисијата за натпревари при ФФМ ги утврди термините за одигрување на полуфиналните натпревари во Купот на Македонија.
За место во големото финале ќе се одиграат две средби на домашен и гостински терен, а како и во четвртфиналето и на овие натпревари ќе се користи ВАР технологијата.
Првите натпревари во кои се среќаваат Охрид Лихнидос – Силекс и Шкендија Тетово – Шкендија Арачиново ќе се одиграат на 22 април додека реванш дуелите на програмата се на шести мај.
Финалето на Купот на Македонија е на 20 мај.










