Се гледаме во Копенхаген!

154

Нашиот Елиф Елмас и Данецот Расмус Хојлунд денеска беа на исти страни и во иста соблекувална. Така нема да биде за само неколку дена во Копенхаген.

Двајца од највпечатливите фудбалери во составот на Антонио Конте во Наполи оваа сезона, по денешниот меч на Сардинија и победата над Каљари од 1:0 заминуваат на собирите со своите репрезентативни колеги. Елмас во Скопје, Хојлунд во Копенхаген.

За неколку дена, Елмас и Хојлунд повторно ќе истрчаат заедно на зелениот терен на „Паркен“, но овој пат во различни дресови. Битката за пласман во финалето на баражите за место на Светското првенство ова лето се очекува со нетрпение. И Македонија и Данска ја гледаат својата шанса.

Кој ќе биде посреќен? Елмас или Хојлунд, прашање чиј одговор го дознаваме идниот четврток.

ПретходноИдниот викенд Ф4 на Купот на ОФМ: Штип и Струмица уште во полуфиналето
СледноПоради клубовите од ПЛ: Се бара нов формат во Лигата на Шампионите!