Денеска со дуелот во Кавадарци помеѓу Тиквеш и АП Брера, стартува 24. Коло во домашниот шампионатот. Ова коло е последното пред репрезентативната пауза па секоја екипа посакува со поволен резултат да замине на истата.
Кавадарчани пролетва играат како препородени. Освоени се голем број на бодови, Тиквеш е далеку од опасната зона сега и се наоѓа на петтата позиција со 33. бода.
„Секако дека годи кога добрите резултати и игри се одразуваат на местото на табелата. Она што го планиравме и посакувавме се остварува. Тиквеш игра добро, освојува бодови кои што значат стабилен од во пролетниот дел од сезоната и најавуваат мирен финиш на истата. Денеска секако дека посакуваме уште еден поволен резултат, против квалитетната екипа на АП Брера. Домашните бодови секогаш се приоритет“ – велат од Кавадарци.
Тиквеш на последните три меча забележа три победи. Поточно, пролетва на седум меча обезбедени се пет победи односно 15 бода. Загубени беа мечевите против фаворитите Шкендија односно Силекс и тоа во дуели во кои што Тиквеш и не одигра така лошо, односно немаше инфериорна улога.
Тренерот Борче Христов очигледно дека со своето искуство и квалитет одигра пресудна улога во сето ова и Тиквеш сега во мир и без страв може да собира бодови кои ќе значат дополнително искачување на табелата. Дуелот во Кавадарци стартува од 14:30 часот















