ФФМ објави: Македонската репрезентација ќе настапува со АДИДАС опрема на плеј-оф натпреварите за СП

232

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека, по истекот на договорот со досегашниот снабдувач ЈАКО, на крајот на 2025 година, македонската репрезентација ќе настапува со АДИДАС опрема на претстојните плеј-оф натпревари за Светското првенство 2026.

Станува збор за опрема која е наменета исклучиво за користење на овие натпревари. Во мај, официјално ќе биде промовирана комплет опремата на македонската репрезентација од КАС програмата.

 

ПретходноПолувреме: Работнички убедлив на Арената, мајсторија на Мартин Стојанов во Кавадарци, Тиквеш ја гази Брера!(ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Работнички го „реши“ и Силекс, сега опстанокот е ВОЗМОЖНА мисија!(ФОТО)