ВМФЛ: Охрид, Шкендија (А), Скопје, Брегалница … со нови победи

288
ФОТО:facebook.com/fkbregalnicaofficial

И по денешното 21.коло од ВМФЛ нема промени во редоследот на табелата, барем кога станува збор за водечките екипи. И денеска сите екипи кои претендираат за првото место успеаја да слават, па така и по ова коло тимот на Охрид е лидер на табелата/

Охриѓани дома го декласираа Вардар (Н) со 4:0 и дојдоа до планираните три бода. Јасно беше и пред мечот во Виница дека Шкендија (А) е голем фаворит, па така на крајот беше 0:5 за гостите од Арачинови кои и натаму се втори на табелата со само -1 бод во однос на Охрид.

Скопје со минимални 1:0 славеше на свој терен против Кожув и со тоа остана во трката за првото место, и натаму има -2 во однос на Охрид. Исто и Брегалница освои три бода по победата кај Преспа со 0:3. Беласица на свој терен беше подобра од Тетекс со 2:1.

Осогово пак на гостувањето кај Детонит победи со 2:4.

РЕЗУЛТАТИ – 21.КОЛО

Беласица – Тетекс 3:1

Детонит – Осогово 2:4

Скопје – Кожув 1:0

Саса – Новаци 0:0

Охрид – Вардар (Н) 4:0

Преспа – Брегалница 0:3

Слога (В) – Шкендија (А) 0:5

УТРЕ, 14:30

Г. Коњари – Победа

ТАБЕЛА

Охрид 49, Шкендија (А) 48, Скопје 47, Брегалница 46, Беласица 43…

ПретходноАрсими на „седмо небо“, голем триумф над Вардар (ВИДЕО)
СледноРафиња донесе одлука за својата иднина во Барселона