Кошаркарите на Гостивар победата над Маџари ја посветија на Ѓорѓи Божиноски

101

Гостивар стави крај на серијата од три порази откако на домашен терен славеше со убедливи 86-66 против Маџари во меч од 20-то коло во Супер-лигата. Домашниот тим кој се наоѓа на претпоследното место на табелата, дојде до важни бодови. Сега има 25, еден помалку од Маџари, кој пак има меч помалку.

Кошаркарите на Гостивар оваа победа ја посветија на спортскиот директор Ѓорѓи Божиноски, кој почина пред една недела.

Две четвртини беа клучни за триумфот на избраниците на Перо Блажевски, првата која ја добија со 22-16 и добро го отворија мечот. Победата ја обезбеди целосно во последниот период во кој беа подобри со 25-16.

Прв стрелец кај домаќинот беше Грегори со 21 поен и 13 асистенции, 16 поени запиша Димитриевски, додека пак 15 имаше Диксон. На другата страна Армстронг имаше 15 поени, додека Грин 13.

Гостивар има скор од пет победи и 15 порази, додека Маџари има 10 победи и исто толку порази.

ПретходноКузмановски повторно спасител – донесе реми против Австрија
СледноЕврогол на Павловиќ, Милан славеше прoтив Торино (ВИДЕО)