Кузмановски повторно спасител – донесе реми против Австрија

558

Македонската ракометна репрезентација одигра реми против Австрија (30-30) во пријателски натпревар во рамките на ЕХФ неделата. И овој пат капитенот Кузмановски беше спасител, овој пат од седум метри го постави конечниот резултат. Македонија имаше шанса и да победи, со оглед на тоа дека во вториот дел водеше и со четири гола разлика.

Овој дуел е подготовка за бараж мечот за пласман на Светското првенство 2027 година, „црвено-жолтите“ името на противникот ќе го добијат утре.  Селекторот, Кирил Лазаров не сметаше на Митревски, Пешевски, Серафимов и Ѓоргиев.

Прв стрелец беше Кузмановски со 10 гола, Митев имаше 5 гола, по три имаа Велковски и Николов.

Марко Митев го отвори мечот (0-1), домаќинот врати за 2-1, а Македонија вториот погодок го реализираше во петтата минути со голот на Кумановски за 2-2. Од оој момент се играше изедначено, Томовски во меѓувреме ја запиша и својата прва интервенција, на почетокот на 10-та минута беше 4-4. Искулучувањето на Лазаревски противникот го искористи за да поведе со 6-4, а потоа поведе и со плус 3 (8-5). Ристески намали на 8-6, откако не успеа да реализира зицер, Лазаров повика тајм-аут. Во меѓувреме, Николов доби исклучување кое нашата репрезентација успеа да го преборди и да се консолидира. Николов, Велковски и Кузмановски го запиша второто водство на Македонија на овој меч од 10-11. Пред самиот финиш капитенот Кумановски ги донесе највисоките плус два (11-13), но ппротивникот на одморот израмни на 15-15, Томовски одбрани пенал.

Неизвесната игра продолжи и во вториот дел, со тоа што Македонија во 36-та минута со погодокот на Кузмановски дојде до нови плус два (17-19). Домаќинот брзо израмни на 19-19, а потоа и на 20-20, секако судиите беа наклонети кон Австрија.

Кузмановски беше на висина на задачата (два погодока), Томовски запиша нова одбрана, се приклучи и Костески, заедно придонесоа за водство од 20-24 во 42 минута. Блик на кратко го сопре налетот на Македонија, но Петар Атанасијевиќ украде топка за нови плус 4 (21-25). Австрија постојано пристискаше, Македонија во последните десет минути влезе со водство од два гола (25-27), беше и 27-29. Драмата беше неизбежна, на две минути до крајот Петар Атанасијевиќ зарботи две минути исклучување, а Блик израмни на 29-29. Австрија успеа и да поведе со 30-29, но Кузмановски од седум метри ги постави конечните 30-30.

ПретходноНеверојатно: Следната сезона Ла Лига може да даде 10 клубови во Европа?!
СледноКошаркарите на Гостивар победата над Маџари ја посветија на Ѓорѓи Божиноски