Лука Дончиќ ја продолжува битката за старателство – не сака да плаќа алиментација!

170
Фото:Instagram/anamariagoltes)

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, ја продолжува својата правна битка со својата поранешна свршеница, Анамарија Голтес, која моментално е во Словенија со своите ќерки. Според TMZ, Лука поднел правни документи до судот во Лос Анџелес и бара од мајката на неговите деца да го отфрли барањето за алиментација. Причината е што нема основа овој спор да се покрене пред суд во Калифорнија, бидејќи таа е во Словенија со своите ќерки.

Според горенаведениот извор, Лука и неговата адвокатка Лаура Васер истакнуваат дека тој не е жител на Калифорнија, ниту пак нивните ќерки. Словенецот се обидел да ја убеди својата свршеница да се врати во Лос Анџелес со своите ќерки, а откако таа одбила, свршувачката била раскината.

TMZ тврди дека пред Анамарија да поднесе документи за алиментација, Лука поднел барање во Словенија уште во февруари, а тие документи се однесуваат на старателство и издршка на деца.

Лука Дончиќ има еден од најголемите договори во НБА и секако парите не се проблем, неговите ќерки имаат сè што им треба, но тој не сака да дозволи Анамарија Голтес да го искористи она што не ѝ припаѓа.

Лука веќе ги покрива сите трошоци за двегодишната Габриела и четиримесечната Оливија, а тоа поднесување барање за издршка на Анамарија во Калифорнија е „јасен обид да се искористат дарежливите износи за издршка по кои Калифорнија е добро позната“.

Лука само еднаш проговори јавно по скандалот и тоа веројатно ќе биде сè што ќе чуеме од него

„Сè што правам е за среќата на моите ќерки и секогаш ќе се борам да бидам со нив и да им го дадам најдобриот можен живот“.

ПретходноРуни за Нејмар: Никогаш не сум го сметал за врвен играч
СледноМурати: Шкендија секогаш оди на победа, ќе се бориме за двата трофеи до крајот на сезоната