Омерагиќ: Индициите за наместени натпревари ќе бидат јавно обелоденети

385

Во рамките на презентацијата на извештајот на работата на управниот одбор и претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, се осврна и на уште една горлива тема која што беше многу важна во оваа измината година од неговиот мандат.

А тоа секако се индициите за наместени натпревари од домашниот ПМФЛ и ВМФЛ шампионат, а за кој што јавноста ревносно е заинтересирана.

Омерагиќ објави дека наскоро ќе има целосна и транспарентна информација околу овие мечеви за кои што Федерацијата е целосно во комуникација со надлежните институции.

„По пријава и аларм од релевантни фудбалски институции, за повеќе фудбалски натпревари на кои има индиции за нарушен фудбалски интегритет, се ставени под сериозна опсервација. На сите нека им биде јасно дека сите добиени материјали од релевантните институции во однос на ваквите настани во фудбалот се работат во моментов, а по нивната завршница од страна на дисциплиниските структури, истите се обврзуваме јавно да бидат обелоденети“, потенцираше Омерагиќ.

ПретходноОмерагиќ: Потрошени се огромни суми на хотели и авионски билети, заштедивме еден милион евра само на тоа!
СледноОмерагиќ: Сме имале имагинарен фудбал, со десетици илјади непостоечки фудбалери, екипи, судии, мечеви….