Редовно генерално собрание на ФФМ: Потврдени одлуките за суспензија на ОФС Охрид и ОФС Кичево

231

На редовното годишно собрание на Фудбалската Федерација на Македонија кое што се одржува во моментов, во Хотелот Хилтон во Скопје беше потврдена одлуката на Управниот одбор на оваа институција од претходно.

А таа вели дека општинските фудбалски сојузи од Охрид и Кичево се суспендираат на две години поради неправлности во работењето.

Овие одлуки беа важечки веќе извесно време, а сега добиваат и официјална потврда според статутот на Федерацијата и од страна на собранието на оваа институција.

Со ова се става крај на таквиот начин на функционирање, кои што очигледно бил пракса во изминатиот период, и актуелното раководство на Фудбалската Федерација на Македонија со одлучни чекори го сече тој начин во корен.

Инаку на тековното собрание присутни се 61 од 65 активни делегати.

ПретходноСопствениците на Ливерпул се откажаа од огромниот проект
СледноСобранието на ФФМ им оддаде почит на оние кои ги загубивме минатата година: Рингов, Лазаров, Џери… слава им