Шок за лидерот на домашниот фудбалски шампионат Вардар. На денешното гостување во Гостивар во рамките до 24. Коло од ПМФЛ шампионатот, „црвено – црните“ загубија од тимот на Арсими со минимални 1:0.
Стрелец на единствениот гол на овој меч беше шпанецот Гони кој што погоди во противничката мрежа во 43. Минута од мечот.
Вардар претходно имаше некакви обиди преку Спахиу, Велковски и Матиќ во првиот дел но голманот на домашните Силјановски имаше одличен ден денеска.
Во вториот дел Вардар тотално се фрли на офанзива, што на домаќинот и му одговараше. Арсими се одлучи да се брани, и да чека контра напади. Вардар предводен од Закариќ кој по десна страна без број пати нафрли, што од игра што од корнер, и создаде многу ситуации, но за жал на гостите ниту една не беше искористена. Данев, Кастањеда, Омерагиќ имаа свои ситуации, но Силјановски беше денеска непогрешлив.
Конечно, шансата на мечот за Вардар ја имаше Закариќ кој што одкосо излезе сам пред Силјановски но голманот на Арсими денеска бранеше буквално се.
Талевски во деветтата минута од породлжението имаше добра позиција од пеналтикот на одбиената топка од дефензивата на Арсими но лошо ја зафати топката која замина над голот.
Вардар и натаму е лидер, но сега има ист број на боводи со Шкендија, но има подобра гол разлика.















