Бадел 1862 го шокираше шампионот Баскет Кам!

39

Екипата на Бадел 1862 запиша голема победа во третото коло во Првата лига жени – Оролоџо. Избраничките на тренерот Дарко Димитријевиќ на домашен терен славеа против актуелниот првак Баскет Кам со 54-48 и ја продолжија победничката низа. Во овој дел имаат три победи во исто толку меча, додека серијата е осум победи во последните осум меча.

Најголемото водство кое го имавме на овој натпревар беше 15 поени разлика. Тимската игра и одличната одбрана вродија плод. Колку нашите кошаркарки беа посветени, зборува и фактот дека во втората четвртина ја добивме со 18-7.

Фримен имаше одлично издание, 17 поени 8 скока и 8 асистенции, дабл-дабл запиша Клири од 12 поени и 16 скока. Ист број на реализации, 12, имаше и Чолакоска, кој дополни со седум скока и три асистенции.

Кај Баскет кам, Адамовска постигна 16 поени, а Димова и Максимовска имаа по 13.

„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – „ОРОЛОЏО“

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

Крива Паланка – Спорт тим 93:52

Пробаскет – МЗТ Бела вода 72:50

Вардар – Патриот 2016 99:88

Бадел 1862 – Баскет кам 54:48

ТАБЕЛА

1.Крива Паланка 17 14 3 1344:1005 31

2.Баскет кам 17 13 4 1110:886 30

3.Бадел 1862 17 12 5 1297:1052 29

4.Вардар 17 12 5 1283:1096 29

5.Пробаскет 17 10 7 1291:1187 27

6.МЗТ Бела вода 17 5 12 1039:1163 22

7.Патриот 2016 17 1 16 960:1531 18

8.Спорт тим 17 1 16 875:1279 17

ПретходноНов проблем за Тудор: Викарио оди на операција, пауза еден месец
СледноНапаѓач на Ајакс со 41 настап за Белгија, сега ќе игра за Мароко