ВМФЛ: Водечките пред лесни победи, „Пиратите“ го пречекуваат Кожув!

96
ФОТО:facebook.com/gfkohrid/

Викендов се играат сите осум средби од 21.коло во ВМФЛ. Денеска од 14:30 часот на програмата се седум меча, а утре играат Г. Коњари и Победа.

Водечките Охрид и Шкендија (А) не би требало да имаат поголеми проблеми за да дојдат до нови победи. Лидерот игра дома со Вардар (Н), додека второпласираната Шкендија гостува во Виница кај Слога.

Скопје го пречекува Кожув и се очекува составот на стратегот Александар Таневски да ја продолжи победничката серија, додека Брегалница гостува кај Преспа, и овде се очекува победа на фаворитот.

Ќе биде супер интересно во Струмица каде играат Беласица и Тетекс, ако се знае дека и на двете екипи бодовите им се повеќе од потребни. Детонит игра со Осогово, а Саса ја пречекува екипата на Новаци.

ДВОЈКИ ЗА 21.КОЛО – ДЕНЕСКА (14:30 Ч)

Беласица – Тетекс

Слога (В) – Шкендија (А)

Детонит – Осогово

Скопје – Кожув

Охрид – Вардар (Н)

Преспа – Брегалница

Саса – Новаци

НЕДЕЛА, 14:30 Ч

Г. Коњари – Победа

ТАБЕЛА

Охрид 46, Шкендија (А) 45, Скопје 44, Брегалница 43, Беласица 40, Новаци 36, Осогово 36, Детонит 35, Кожув 29, Тетекс 27, Саса 24, Вардар (Н) 15, Преспа 12, Победа 11, Слога (В) 8, Г. Коњари 4.

ПретходноДва пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај
СледноЈокиќ близу до нов трипл-дабл, Денвер со важна победа (ВИДЕО)