И по денешното 21.коло од ВМФЛ нема промени во редоследот на табелата, барем кога станува збор за водечките екипи. И денеска сите екипи кои претендираат за првото место успеаја да слават, па така и по ова коло тимот на Охрид е лидер на табелата/
Охриѓани дома го декласираа Вардар (Н) со 4:0 и дојдоа до планираните три бода. Јасно беше и пред мечот во Виница дека Шкендија (А) е голем фаворит, па така на крајот беше 0:5 за гостите од Арачинови кои и натаму се втори на табелата со само -1 бод во однос на Охрид.
Скопје со минимални 1:0 славеше на свој терен против Кожув и со тоа остана во трката за првото место, и натаму има -2 во однос на Охрид. Исто и Брегалница освои три бода по победата кај Преспа со 0:3. Беласица на свој терен беше подобра од Тетекс со 2:1.
Осогово пак на гостувањето кај Детонит победи со 2:4.
РЕЗУЛТАТИ – 21.КОЛО
Беласица – Тетекс 3:1
Детонит – Осогово 2:4
Скопје – Кожув 1:0
Саса – Новаци 0:0
Охрид – Вардар (Н) 4:0
Преспа – Брегалница 0:3
Слога (В) – Шкендија (А) 0:5
УТРЕ, 14:30
Г. Коњари – Победа
ТАБЕЛА
Охрид 49, Шкендија (А) 48, Скопје 47, Брегалница 46, Беласица 43…










