Дефанзивна катастрофа: Загубија четири меча по ред и примија 12 гола!

96
фото: Chelsea FC (X)

Катастрофалната игра на Челзи се повтори и на денешното гостување кај Евертон. Лондончани го претрпеа четвртиот пораз по ред, но она што исто така е впечатливо е очајната игра во дефанзива.

Денес, тимот на Лиам Розениор загуби од Евертон со 3:0, а претходно, „сините“ двапати загубија од ПСЖ во Лигата на шампионите (2:5, 0:3) и беа поразени од Њукасл во Англиското првенство (0:1).

Статистички, Челзи во последните четири меча постигна само 2 гола, а прими дури 12!

ПретходноЛокатели промаши пенал, Јуве само со бод против Сасуоло
СледноСтоле со нова „чиста мрежа“, Валенсија слави во Севиља