На редовното годишно собрание на Фудбалската Федерација на Македонија кое што се одржува во моментов, во Хотелот Хилтон во Скопје беше потврдена одлуката на Управниот одбор на оваа институција од претходно.
А таа вели дека општинските фудбалски сојузи од Охрид и Кичево се суспендираат на две години поради неправлности во работењето.
Овие одлуки беа важечки веќе извесно време, а сега добиваат и официјална потврда според статутот на Федерацијата и од страна на собранието на оваа институција.
Со ова се става крај на таквиот начин на функционирање, кои што очигледно бил пракса во изминатиот период, и актуелното раководство на Фудбалската Федерација на Македонија со одлучни чекори го сече тој начин во корен.
Инаку на тековното собрание присутни се 61 од 65 активни делегати.










