Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, остана практично без работа на вечерашното гостување против Севиља, каде неговиот тим славеше со 2:0 и освои нови три драгоцени бода. Валенсија победи, а Димитриевски како стартер на голот на гостите имаше само една интервеција, затоа што домашните многу ретко доаѓаа во ситуација да бијат кон неговиот гол.
Во првиот дел Севиља не упати ниту еден директен удар кон голот на Столе, а во второто полувреме имаа само еден, кој нашиот голман го одбрани. Со головите на Дуро и Рамазани, Валенсија уште во првиот дел ја обезбеди предноста за нова победа.










