Арсими пред нов предизвик гостува лидерот, Вардар по нов триумф за мирен репрезентативен одмор!

57

Арсими го очекува уште една исклучително тешка пресметка, овојпат против актуелниот лидер Вардар, во натпревар од 24. коло на првата лига. Гостиварскиот состав се надева дека ќе ја продолжи подигнатата форма и дека може да стигне до позитивен резултат, иако задачата е многу комплексна.

Еден од најискусните фудбалери на тимот, Башким Велија, верува дека Арсими се движи во вистинска насока и покрај минималниот пораз од Шкендија во претходното коло. Според него, екипата веќе покажува значителен напредок:

„И покрај поразот, играта се крева и против Вардар влегуваме по позитивен резултат. И покрај минималниот пораз од Шкендија, сметам дека покажавме многу подобра игра во споредба со претходните натпревари. Полека излегуваме од кризата. Можеби резултатите сè уште не се како што посакуваме, но играта ни е подобра и тоа е многу позитивен знак, истакнува Велија.

Тој дополнува дека тимот е на добар пат конечно да ги капитализира подобрите партии:

„Убеден сум дека многу скоро ќе почнеме да освојуваме позитивни резултати и да се вратиме таму каде што мислиме дека ни е местото. Против Вардар ќе влеземе максимално мотивирани. Не очекува исклучително важен натпревар и ќе дадеме се од себе за добар резултат. Целите за сезоната остануваат исти и решени сме да ги постигнеме“. 

Вардар е апсолутен фаворит, но тоа во пракса особено сезонава не треба да значи ништо. Арсими на пример во ноември и одржа лекција на Шкендија во победата од 3:0, токму на овој терен па нормално дека претпазливоста треба да е на највисоко можно ниво.

По оној шокантен период во кој испадна во Купот на Македонија од Охрид, па одигра нерешено со Струга ТЛ и финишираше со домашен пораз од Шкендија, Вардар потоа нанижа две победи по ред.

Против Силекс на гости и против тимот на Брера на Арената Тодор Проески во Скопје. И обата дуела се добиени со минимални 0:1, односно 1:0.

ПретходноМурати: Шкендија секогаш оди на победа, ќе се бориме за двата трофеи до крајот на сезоната
СледноМакедонија на тест со Австрија со мислите во Бистрица