Денеска во Скопје се одржа 23. издание на Меморијалниот крос „Методија Веновски – Мето“. Трката по обичај се одржа на патеката во парк-шумата Гази Баба во Скопје, во прекрасна спортска атмосфера, во организација на Атлетскиот клуб „Работнички“.
Во главната меморијална трка на 4.000 метри настапија околу 40 натпреварувачи. На крајот првото место му припадна на Урош Гутиќ од Босна и Херцеговина (АК Инвиктус Пале, Босна и Херцеговина), пред македонските натпреварувачи Атанас Анчевски (АК Делта) и Андреј Арсов (АК Скопски Маратон).
Во женска конкуренција најдобра беше Благица Јованова, пред Емили Иваноска (АК Скопски Маратон) и Весна Кираџиева (АК Индјуренс).
Посебна радост на настанот беа и најмладите – над 100 дечиња кои настапија во повеќе категории.










