Напаѓач на Ајакс со 41 настап за Белгија, сега ќе игра за Мароко

65

Рајанe Бунида иако досега играше  за пет различни белгиски младински репрезентации, во иднина ќе го носи дресот на Мароко. 20-годишниот крилен напаѓач на Ајакс одлучи да го облече сениорскиот дрес на африканската земја.

Белгиската фудбалска асоцијација се обидела да го убеди Бунида да ја претставува Белгија, но без успех. Рајане одигра вкупно 41 младински меѓународни натпревари за Белгија, а последен пат за репрезентацијата до 21 година минатата есен.

20-годишниот крилен напаѓач е роден и израснат во Белгија, но е со мароканско потекло. Тој игра за Ајакс целата своја сениорска кариера.

ПретходноБадел 1862 го шокираше шампионот Баскет Кам!
СледноЛокатели промаши пенал, Јуве само со бод против Сасуоло