Омерагиќ: Комплексот „Куќа на фудбалот“ ФФМ го чинел над 400.000 евра…. комплексот на Горан Пандев чини двојно помалку

296

На официјалната прес конференција по генералното годично собрание на Фудбалската Федерација на Македонија, претседателот Масар Омерагиќ ја информираше јавноста за горливи теми, и прашања кои што живо ја интересираат истата.

На прашањето што и како се случувало со младинските кампови во минатото, и престојот на младите репрезентации пред се во Кичево, во комплексот „Куќа на фудбалот“, за кој Омерагиќ има отворен одговор.

„Конечно ова прашање. Одлично што е поставено. ФФМ во моментов соратовува со доста хотели од типот на Хилтон како спонзор на ФФМ, хотел Парк, хотел Белви во поново време, хотел Русија за одредени потреби. Младинските селекции, кампови и слични настани во моментов се организираат во хотелот на Горан Пандев во Струмица. Претходно со години дом на овие млади селекции беше исклучиво „Куќа на фудбалот“ во Кичево. Условите таму се такви какви што се. Терен на половина час оддалеќен од хотелот…. а сумите кои што се исплаќани на овој комплекс…. нешто повеќе од 400.000 евра. За разлика од тоа. Во изминатиот период огромен број на настани, средби, кампови, семинари се одржаа во комлексот „Пандев“ во Струмица, а сметката пристигната во Федерацијата е околу 200.000 евра. Драстична разлика. Огромна. Горан Пандев е фудбалска институција во Македонија. Тој е легенда на мак фудбалот. Заедно со неколку други. Горан Пандев заслужил статус каков што има. Тоа е човекот кој што инвестирал во фудбалот сопствени пари. Кои ги има затоа што заработил човекот во текот на кариера. Многу просто и едноставно. На Горан Пандев не му е потребна ФФМ за да има профит во животот. Напротив. Федерацијата има обврска да го испочитува, и така и ќе биде и во иднина. Исто како што ќе биде примерот со комплексот Благој Истатов“ – вели претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

 

ПретходноОмерагиќ: Сме имале имагинарен фудбал, со десетици илјади непостоечки фудбалери, екипи, судии, мечеви….
СледноМурињо: Сега плачам, но повторно ќе се смеам