ПМФЛ: Шкендија и кога не блеска знае да победува! (ФОТО+ВИДЕО)

252

Македонија ЃП – Шкендија 0:1 е исходот од овој меч од 24.коло, на кој шампионот иако не блескаше, сепак успеа да освои големи, три златни бода во битката за титулата. Стрелец на победничкиот гол беше Красниќи во 53.минута. И Шкендија и Македонија ЃП имаа свои шанси за уште некој гол на овој меч, но сепак на крајот може да се каже дека тетовци заслужено победија.

Првата шанса на мечот ја имаа гостите, и тоа каква. Се играше 12.минута кога по додавањето на Ајети, Спахиу имаше зицер ситуација, но го промаши голот. Осум минути подоцна зицер имаше Пецов на другата страна, но Гаје одлично одбрани. Шкендија во 23.минута постигна гол преку Трумчи, но беше поништен поради офсајд. “Лавовите“ се заканија повторно преку Николиќ, но и сега Гаје беше фантастичен.

До крајот на првиот дел Спахиу уште во два наврати беше во шанса, но сепак на пауза се замина без голови, со тие почетни 0:0.

Во второто полувреме Шкендија заигра уште поагресивно, и како плод на таквиот пристап дојде водството од 0:1 и тоа со голот на Красниќи во 53.минута.

Сепак “лавовите“ не се предаваа, Ајдоган имаше супер шанса за израмнување, но немаше среќа, па така останаа тие 0:1 за Шкендија.

Очигледно беше дека Шкендија со една рутинирана игра сакаше да го “затвори“ мечот, притоа имаше и неколку опасни контри, додека домашните фудбалери посакуваа израмнување. Имаше залагање и борбеност од нивна страна, но сето тоа немаше реализација.

Шкендија во 90+3.минута можеше до 0:2, но Тамба не искористи супер шанса, кога искочи очи во очи со Јанков.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноФотомонтажа или навистина Тухел ја “ќарил“ бившата на Трент Александер-Арнолд?!(ФОТО
СледноАрсими на „седмо небо“, голем триумф над Вардар (ВИДЕО)