Кошаркарите на Феникс 2010 ја остварија осмата сезонска победа изненадувајќи го Чаир на гостински терен и триумфирајќи со 61:87.
Чаирчани беа фаворити на овој меч, но Феникс денеска во текот на сите 40 минути беше подобар ривал. Уште во првата четвртфина гостите направија разлика од 13 поени, која подоцна се покажа како недостижна. Чаирчани се обидуваа во второто полувреме да направат резултатски егал, но гостите не дозволија огромната предност лесно да се стопи.
Рахама со 19 поени ги предводеше гостите, каде Дајсон и Наумовски постигнаа по 14 поени. Кај Чаир, Тачи заврши со 17 поени, а Американците беа далеку под просекот.










