Сосема очекувано. Милан Стојаноски не е веќе тренер на Пелистер. ПО катастрофалните игри на неговиот сега веќе екс – тим, а посебно по денешниот пораз од Струга ТЛ на свој терен, Стојаноски си поднесе неотповиклива оставка.
Јасно е дека врие во Битола, а Стојаноски крена раце и си замина.
Дознаваме дека раководството на Пелистер веќе контактирало со некогашниот селектор, Благоја Милевски.
,,Како шеф на стручниот штаб, ја преземам целосната одговорност за резултати во пролетниот дел од сезоната и одлучив да поднесам оставка од функцијата. Сакам искрено да му се заблагодарам на клубот за укажаната доверба, на раководството за поддршката, на играчите за нивниот труд и залагање, како и на навивачите за нивната безрезервна поддршка во секој момент. Посебна благодарност и до градот Битола, кој секогаш стои зад својот клуб. На екипата ѝ посакувам многу среќа во продолжението од сезоната и остварување на целта – директен опстанок.” изјави Стојаноски за ФБ на Пелистер.















