Лука Дончиќ на синоќешниот дуел во Орландо против Меџик кој што патем Лејкерски го добија со еден кош разлика, ја доби шеснаесеттата техничка грешка сезонава. Доколку НБА не ја поништи истата следува автоматска суспензија од еден меч, такви се правилата. А за секој две наредни следува нов еден меч надвор од теренот и нормално финансиска казна.
Дончиќ по мечот објасни што се случило и зошто дошло до нов негов испад.
При еден прекршок врз него тој застана на линијата за слободни фрлања, а од другата страна интернацииналецот од Грусија, Гога Битадзе кој што патем има играно за тимот на Мега во Србија на српски јазик наводно го опцул словенецот. Следуваше нормално реакција од еден од најдобрите кошаркари на денешницата, а потоа и техничка.
Сето ова го потврди и Дончиќ но и тренерот на Лејкерси Џеј Џеј Редик.
„Да, кажани се зборови кои што судиите не ги разбираат бидејќи не биле на англиски јазик. На сметка на семејството на Дончиќ. Ќе пробаме да ја поништиме техничката грешка“ – изјави Редик.
Luka on what Goga said:
"He would f*ck my whole family. It was in Serbian" pic.twitter.com/5VfuiNNxAR
— BrickCenter (@BrickCenter_) March 22, 2026










