Македонските ракометари ја добија Словачка на патот кон Светското првенство 2027

865

Македонската ракометна репрезентација на патот кон пласман на Светското првенство 2027 година ја има селекцијата на Словачка. Иако Словаците губеа и со шест гола разлика, успеаја да дојдат до поволен резултат против Украина, да загубат со минимално 31-32. Првата средба Словачка ја доби со три гола разлика (27-24).

Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци ќе се борат за десетото учество на Мундијалите, осмо по ред. Ова Светско првенство ќе се одржи во Германија.

Првиот натпревар Македонија го игра на гостински терен, тоа би било 13/14 мај, најверојатно во Бистрица, додека реваншот се игра во Скопје на 16/17 мај.

Доколку нашите ракометари го поминат баражот, групата ќе ја дознаат на 10 јуни, противниците ќе ги чекаат од вториот шешир, што значи дека нема да играат во Штутгарт.

ПретходноСензационално: И Рубен Аморим кандидат за тренер на Челзи?!
СледноСе чекаше возилото на Брзата помош: Мечот во Битола доцнеше 12 минути!