Мусовски и Херера „се чекираа“ за Македонија

377

Новитетите во фудбалската репрезентација на Македонија, која денеска под водство на новиот селектор Гоце Седлоски го има собирот за претстојните бараж дуелот за Мундијалот, Дени Мусовски и Себастиан Херера се „чекираа“ во националниот тим.

Како што е веќе познато, Дени Мусовски е „американецот“ кој што има македонско потекло и кој што за прв пат пристигнува за нашиот национален тим.

Мусовски е нашето засилување за овој национален тим кој што сега е под водство на Гоце Седлоски. Тој инаку настапува за тимот на Сиетл во МЛС лигата.

Од друга страна пак, новитет е и Себастиан Херера кој што е добро познат на нашата јавност. Некогашниот играч на Работнички, сега е дел од тимот на Борац Бања Лука и е нашето ново решение за левата бековска позиција.

 

ПретходноДориев: Среќен сум што сум повторно дел од репрезентацијата на Македонија
СледноНовиот селектор ги “собра“ националите: Дијамантот и Седло насмеани!(ВИДЕО+ФОТО)